а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

деградира

деградираат; деградирал; деградиран; деградирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 18597
1. Лиши, лишува некого од определена позиција, врати, враќа на понизок ранг.
Англиски: demote Албански: zbret nga pozita
Примери:
Командантот го деградирал десетарот на обичен војник.
Тој бил деградиран на пониско работно место.
2. Обезвредни, обезвреднува, го намали, го намалува значењето на нешто.
Англиски: degrade Албански: degradoj
Примери:
Односот кон нивниот труд е однос кој деградира и навредува.
3. (се деградира) Се лиши од определена позиција, се врати на понизок ранг, степен.
Англиски: demote Албански: zbret nga pozita
Примери:
Не можам јас да се деградирам во физички работник.
Изведенки
деградирање ср.
глаг. им.
Пример: Тој беше меѓу првите жртви на полициската сеча, кој доживеа невидено професионално деградирање.